Познат новинар убиен од крокодил додека обавувал нужда: Во очај мавтал со рацете додека sверот го влечел во длабочина

од desk3

Оваа трагедија се случила на југоситокот на Шри Ланка. Познатиот новинар на Financial Times-a, Пол Меклин (25), трагично загина откако во четвротокот бил нападнат од крокодил додека миел раце во лагуната на југоситокот на Шри Ланка, каде бил на одмор со пријателите. 

Виден е како во очај мавта со рацете над површината на водата пред рептилот да го повлече под водата и да го убие.

Неговото тело уште не е пронајдено, а локалните експерти за крокодили не веруваат дека и брзо и ќе биде пронајдено со оглед дека овие рептили, како што кажуваат, својот плен го носат и го чуваат во тињата. Во трагањето е вклучена и војската и плицијата.

Исказите на сведоците који се појавија во британските медиуми се контрадикторни па така некои тврдат дека споменатата лагуна е полна со крокодили, наведувајќи дека и целата локација така се вика ‘Crocodile Rock’, додека другите тврдат дека напади од крокодили досега таму немало, па дури и се чудат што се се случило блиску до морето бидејќи водата е солена, и според нив ги ослепува крокодилите.

Меклин во ФТ се вработил во 2015 година, додека уште студирал. Последниот напис му е објавен во вторник. Последната недела за овој весник покривал теми во врска со Брегзит.

 

Слични содржини