Филмскиот продуцент Харви Вејнстејн беше сослушан во полицијата под сомневање за сексуална злоупотреба.
Истрагата продолжува, а засега официјални обвиненија против Вејнстејн не се покренати. Жалбата против продуцентот е поднесена од 22-годишна жена, чие име се чува во тајност. Според нејзините зборови инцидентот се случил на 27 март во седиштето на кинокомпанијата The Weinstein Co, а Харви обидел да ја допира за градите и колковите.
Компанијата е сопственост на Харви и неговиот брат Боб кои во 1979 година ја базираат легендарната Miramax. Во 1993 година двајцата Вејнстејн ја продаваат компанијата за 80 милиони долари на Disney, но сепак продолжуваат да го раководат Miramax. Во 2005 година тие посакуваат да ја откупат компанијата назад, но до договор не се стига. Браќата го напуштаат и го базираат The Weinstein Co.
Харви и Боб Вејнстејн се продуценти на голем број култни филмови, меѓу кои “Гарванот”, “Евтини приказни”, “Уметникот” и многу други.