Познат судија добил смртни закани поради црвен картон, побара да не суди следниот викенд

од Stefanija Kuzmanovska

Англискиот судија, Мајк Дин, поднесе предлог со кој се бара да биде „отстранет од функцијата“ во текот на претстојниот викенд.

Причината? Мајк Дин, како и неговото семејство, се мета на незадоволни навивачи кои се бесни поради црвениот картон кој му го додели на Томас Соучек.

За овој инцидент зборуваше и Мајк Рајли, директорот задолжен за контрола и делегирање на судии.

– Заканите од ваква природа се неприфатливи и ја поддржуваме одлуката на Мајк да поднесе пријава во полиција во целост. Никој не смее да биде жртва на такви пораки, насилството преку Интернет мора да биде искоренето- наведе Рајли.

Дин на претходните два натпревари подели три црвени картони, црвениот картон на Соучек беше поништен од ФА, додека во претходното коло, црвен картон заработија и Јан Беднарек и Јанкевиќ од Саутемптон.

Тој е единствениот судија во лигата од 2000 година, судел повеќе од 500 натпревари во текот на својата кариера. И тој е исто така голем обожавател на Престон Норт Енд.

Да потсетиме, Мајк Дин и неговата сопруга Карам имаат две деца, поточно две ќерки, Зара и Британи.

Слични содржини