„Праќа заменици кои не се упатени во предметот“: Боки 13 побра изземање на Русковска

од Берта Китинска

Првообвинет  во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски-Боки 13,  на денешното рочиште  повторно побара изземање на обвинителката Вилма Русковска од предметот.

Тој упати барање до државниот јавен обвинител Љубомир Јовески да одреди друг застапник на ова обвинение, бидејќи  Русковска  ги праќа своите заменици на рочиштата.

„Русковска, мислеше дека е доволно да поднесе обвинение, да даде воведни зборови и потоа да праќа заменици кои не се упатени во предметот, покажуваат непознавање на материјата, па сметам дека Јовески треба да ја изземе Рускоска и да назначи нов обвинител “, рече Јовановски.

За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Ерцеговиќ.

Случајот го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска и се наоѓа во доказна постапка.

 

 

Слични содржини