ПРАШАЊЕТО КОЕ ГО ИНТЕРЕСИРА ЦЕЛ СВЕТ: Меси носи одлука СЛЕДНАТА НЕДЕЛА!

од Vladimir Zorba

Еден од најдобрите светски фудбалери, Аргентинецот Лионел Меси, следната недела ќе донесе одлука за неговиот статус во каталонскиот гигант Барселона. Имено, на 30 јуни истекува договорот на Меси со тимот од Каталонија, за кој игра од почетокот на професионалната кариера. Дали тој ќе остане или ќе замине, најмногу зависи од претседателските избори, кои се закажани за недела, 7 март.

Најголеми шанси има Жоан Лапорта. Поранешниот прв човек на Барса во периодот од 2004 до 2010 година верува дека тој е единствениот што може да го задржи Аргентинецот во клубот.

Според медиумите во Шпанија, Меси ќе разговара со идниот претседател следната недела. Тој имаше можност да потпише преддоговор со тим надвор од Шпанија по 1 јануари, но сè уште не го сторил тоа. Најчесто се поврзува со ПСЖ и Манчестер Сити. На помалку од четири месеци пред истекот на договорот, Лионел мора наскоро да донесе одлука.

Настаните околу теренот не влијаат многу на партиите на Меси во Барселона.

Тој игра во одлична форма во последно време. Тој во моментов е најдобар стрелец во Примера дивизион со 19 голови, а најзаслужен е за одличната серија на Барса, која се проби на второто место на табелата со пет бода заостанување зад водечкиот Атлетико Мадрид

Барса веќе е утре во Памплона, каде гостува кај локалната Осасуна. Натпреварот започнува во 21 часот.

Слични содржини