Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични за случајот во Собрание

од Andreja Salpe

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, на својот фејсбук профил објави дека пратеничката група на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои денес го прекршиле законот. 

Тој во својот пост му се обрати и на претседателот Стево Пендаровски.

Претседателе Пендаровски, доста се криеш, бекни нешто. Застани зад правото, законите и Уставот. Тоа што Заев дозволил да биде заложник на Талат Џафери, тоа што пратениците од СДСМ одлучија да бидат слуги на инаетот и фрустрацијата на еден човек, нека биде нивен срам, ти имаш можност барем еднаш да покажеш дека си достоен за функцијата која ја извршуваш и не ги потпишувај законите кои се резултат на оваа седница.” – напиша Мицковски

Слични содржини