Пред 20 години го освои светот со улогата на Никита: Денеска изгледа сосема поинаку (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Австралиската актерка и модел Пета Вилсон се прослави со улогата на заводничка во серијата „Никита“.

Поминаа 21 година од емитувањето на оваа популарна серија, а актерката која го толкуваше главниот лик сега живее тотално поинаков живот, далеку од очите на јавноста.

Денес таа има 52 години.

Пита е родена на 18 ноември 1970 година во Сиднеј, Австралија, каде што поминала добар дел од своето детство. Меѓутоа, поради работата на нејзиниот татко, таа често се селела, а извесен период била и во Папуа Нова Гвинеја.

Откако ја играше улогата на фаталната тајна агентка со бурен живот, Пета не успеа да се пробие во Холивуд. По оваа значајна улога, со која се здоби со огромна популарност, актерката сними и голем број други филмови, но овие улоги не постигнаа значителен успех.

Таа започна да дизајнира и лансираше своја линија на долна облека.

Пета Вилсон неодамна објави дека нејзиниот син тргнал по нејзините стапки и наскоро ќе се појави во филм.

Слични содржини