Предизборниот фолклор на Каракачанов предизвика гнев во регионот

од Берта Китинска

Мапата со „Санстефанска Бугарија“  која ја објави  бугарскиот министерот за одбрана Красимир Каракачанов, предизвика гнев во регионот

И јас сум подготвен да шутирам кога ќе ми наместат пенал

Заменик-претседателот на Владата, Никола Димитров на прашањето на  „Локално“ поврзано за објавената мапа на Каракачанов за голема Бугарија рече дека се работи за предизборен фолклор.

-Во искушение сум бидејќи на некој начин е очигледно дека се работи за предизборен фолклор и колку поголема реакција предизвика оваа објава кај нас толку поголем ефект има кај нив .Меѓутоа принципиелно и со умерени зборови ќе кажам дека со оние кои сакаме да имаме добрососедски односи важно е да сме внимателни во она што го кажуваме и објавуваме на социјалните мрежи и треба да избегнуваме објави во кои има територијални претензии,изјави Димиртов.

Премиерот Зоран Заев вели дека секоја наша реакциија би значело влегување во предизборна кампања на Бугарија.

„Како што е подготвен да шутира Никола, така веројатно и јас сум кога ти местат пенал, но мора да внимаваме дека натпреварот трае и мора да трае. Ова го кажувам од апскет што Договорот со Бугарија за добрососедство и соработка покажува дека државите една кон друга немаат територијални претензии, а притоа ќе кажам и јас дека немам намера да излегувам во предизборен фолклор на било која наша соседна земја, бидејќи тоа за мене е предвечерие на изборите и ништо повеќе и ништо помалку. Секоја наша реакциија би значела влегување во предизборна кампања на Бугарија“.

Од Кабинетот на претседателот Пендаровски реагираа дека честитката на Каракачанов е отворено кршење на Договорот за добрососедство.

„Претседателот за ваквите изјави секогаш укажувал дека претставуваат отворено кршење на Договорот за добрососедство и ја поткопуваат довербата меѓу двете земји и народи. Ваквите постапки се во спротивност на основните принципи и вредности на НАТО Алијансата во која и двете држави се рамноправни членки“, се вели во реакцијата на шефот на државата.

Честитката за 8 Март предизвика гнев во регионот

Српските медиуми објавуваат дека бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачов во осмомартовската честитка на мапата во „Голема Бугарија“ се и Врање и Ниш.

„Со скандалозната честитка за 8 Март, вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов предизвика гнев во регионот, и уште еднаш ги покажа иредентистичките тенденции на партијата на која и припаѓа, ВМРО-БНД. На позадината на честитката што ја објави во име на неговата партија ВМРО-БНД, покрај стилизираната фигура на жена со дете и зборовите „традиција, семејство, вредности“, јасно се гледа и мапата на Голема Бугарија“, пишува „Новости“ појаснувајќи дека на таа мапа во рамки на Бугарија се цела територија на Македонија, делови од Грција и српски градови како Ниш и Врање.

Минатиот месец, Каракачанов ги нарече Србите „окупатори“ на Македонија и се побуни за наводното зајакнување на српското културно влијание во нашата земја. Тој имал бурна реакција на зборовите на српскиот политички експерт Душан Пророковиќ, кој зборувал за бугарскиот министер, нарекувајќи го „Грк“.

Слични содржини