Предлог игри додека сте во карантин или самоизолација

Како што стојат работите, се чини дека подолго ќе седиме во затворен простор, а пред нас е прашањето: Што да се прави?

Бидејќи веќе направивме листа со филмови, време е да се позабавуваме со уште една занимација, видеоигрите се секогаш добра опција.

1. A Plague Tale: Inocence (2019)
Платформи: PS4, PC, Xbox

Можеби не беше најголемиот хит минатата година, но приказната за авантурите на братот и сестрата во време на куга е идеално решение за ова „карантинско време“.

2. Серијалот Fallout (1997-2020)
Платформи: PC,PS4,Xbox

Создавачот, Тим Каин, во своите настојувања да направи наследник на игратља Wasteland постави темели за една од најдолгоовлекуваните франжизи во историјата на видеоигрите.

Младите генерации тешко би нашле забава во оригиналот, но откако играта се пресели во прво лице, новото продолжение нуди прилика за запознавање на жителите во многубројните бункери од кои се кријат интересни приказни.

Освен првите два дела, би ја издвоиле и New VEgas кој можеби најмногу се проближува до атмосферата на оригиналот.

3. The Last of Us (2013/2014)
Платформи: PS4

Во последниве години приказните во игрите стануваат се покомплексни, а од нив се очекува слоевитост каква што поседуваат филмовите и сериите. Сепак, ретко која игра успеала да постигне она што му тргна од рака на Неил Друкмен, кој успеал да позајми се што можел од богатите постапокалиптични ризници и да ја создаде една од највпечатливите приказни видени во видео игра.

Накратко, Џоел тргнува на пат со ќерката, тинејџерка, Ела која потенцијално го крие лекот за пандемијата која го зафатила цел сбет и го претворила во постапокалиптични веоно боиште преполно со зомбиња, разбојници и очајни луѓе кои само сакаат да преживеат.

Слични содржини