Предупредување за пушачите: Еве зошто се појавуваат бели дамки на јазикот

од Stefanija Kuzmanovska

Белите дамки на јазикот се претежно бенигни и безопасни.

Меѓутоа, во одредени ситуации, тие можат да бидат знак на опасни болести, како што е рак на усната шуплина.

Еве зошто се појавуваат бели дамки на јазикот:

Белите дамки што се појавуваат на дел од јазикот може да укажуваат на габична инфекција, што е вообичаено ако сте земале антибиотици. Најчесто се јавуваат кај бебиња и постари лица.

Исто така, луѓето со дијабетес може да бидат повеќе склони кон габични инфекции, а оралните инхалатори за астма исто така можат да ги предизвикаат.

Друга причина за бели дамки на јазикот може да биде леукоплакија.

Оваа состојба често се јавува кај луѓе кои пушат или користат производи од тутун.

Во овој случај, потребно е веднаш да се посети лекар бидејќи тие можат да предизвикаат рак на усната шуплина.

Lichen planus, ретка состојба на осип, исто така може да предизвика бели ленти на јазикот. Во тој случај, заедно со осипот, кој се појавува и на други делови од телото, а особено на грбот, подлактиците и над глуждовите, може да почувствувате и чешање.

Осипот обично се појавува прво во устата, а ако забележите бели линии треба да одите на лекар.

Lichen planus исто така може да биде последица на употребата на тутун, и во овој случај симптомите обично се смируваат со престанокот на неговата конзумација.

Слични содржини