Прекин во водоснабдувањето на бул.„Партизански Одреди“

од Vladimir Zorba

Поради дефект на затворач Ф-80 милиметри денеска на булевар „Партизански Одреди“ бр.82 во населба Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на бул.„Партизански Одреди“ на потег од крстосница бул.„8 Септември“ до крстосница со „Франклин Рузвелт“ (непарни броеви).

Од Информативниот центар на ЈП Водовод и канализација-Скопје соопштија дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 10:00 часот до санирање на дефектот.

Слични содржини