Премалата физичка активност може да го зголеми ризикот од депресија и анксиозност

од Stefanija Kuzmanovska

Резултатите од новата студија на британски научници објавена во списанието BMC Medicine јасно укажуваат дека ниската кардиореспираторна способност и слабата мускулна сила се поврзани со посиромашно ментално здравје и дека кај поединци можат да влијаат на развојот на симптомите на депресија или анксиозност.

Анализата на студија спроведена меѓу повеќе од 150.000 учесници покажа дека кардиореспираторната кондиција и мускулната сила одделно придонесуваат за зголемен ризик од посиромашно ментално здравје, но утврдена е најјасна врска кога беа вклучени двата фактори.

Во периодот од август 2009 година до декември 2010 година, научниците ја измериле физичката подготвеност на скоро 153.000 луѓе на возраст од 40 до 69 години. Тие го следеле срцевиот ритам пред, за време и по шестминутно вежбање со максимален интензитет на стационарен велосипед.

Тие исто така ја измериле силата на нивниот зафат, што беше искористено во студијата како индикатор за силата на мускулите.

Покрај тоа, учесниците пополниле два стандардни клинички прашалници за депресија и анксиозност за да им овозможат на истражувачите увид во нивното ментално здравје. Седум години подоцна, испитаниците повторно ги пополниле истите прашалници.

Откако разгледаа други фактори, како што се возраста, полот, претходните ментални проблеми, пушењето, нивото на приход, образованието и исхраната, истражувачите заклучиле дека дури и по седум години, постои јасна врска помеѓу почетната физичка подготвеност на учесниците и нивното ментално здравје.

Меѓу учесниците во студијата со низок кардиореспираторен капацитет и посиромашна мускулна сила, постоеле 98% поголема шанса за развој на симптоми на депресија и 60% поголема шанса за развој на симптоми на анксиозност.

„Обезбедивме дополнителни докази за врската помеѓу физичкото и менталното здравје. Структурните вежби дизајнирани да ги подобрат различните видови физичка подготвеност се добри и за физичката и за менталната сила”, рече Арон Кандола, психијатар на Универзитетот во Лондон и главен автор на студијата, додавајќи дека резултатите се подебно важни во светло на последиците од пандемијата на коронавирус.

„Постојат загрижувачки извештаи дека луѓето во пандемијата веќе не се толку активни како порано. Особено загрижува фактот што многу спортски сали и теретани се затворени, а времето што луѓето можат да го поминат надвор од домот е ограничено. Физичката активност е важен дел од нашите животи и може да има клучна улога во спречувањето на менталните нарушувања“, рече тој.

Охрабрувачки е фактот дека физичката подготвеност може да се подобри релативно брзо – за само три недели.

Слични содржини