Премиерката на Финска: Не очекуваме никакви пречки за влез во НАТО

од Vladimir Zorba

Финската премиерка, Сана Марин изјави дека не очекува никакви пречки во пристапот на оваа скандинавска земја во НАТО, јави денеска Би-Би-Си.

„Во НАТО немавме никакви индикации дека ќе има некакви проблеми за членството на Финска или Шведска. Ние сме многу поврзани едни со други и сме блиски партнери на НАТО“, рече таа.

Марин истакнува дека видела некои изјави во кои се поставуваат одредени прашања. Сепак, таа смета дека е многу важно да се разговара со тие земји и да се разговара за сите актуелни прашања.

Слични содржини