Преседан: Израел испраќа вакцини во Палестина!

од Nikola Popovski

Кабинетот на израелскиот министер за одбрана Бени Ганц наведува дека Израел се согласил да пренесе 5.000 дози вакцина против коронавирус на Палестинците.

Овие вакцини се наменети за имунизација на медицински работници кои се на првата борбена линија против вирусот.

Ова е првпат Израел да потврди трансфер на вакцини на Палестинците, објави АП.

Израел се најде на удар на официјалните претставници на Обединетите нации и групите за човекови права затоа што не обезбеди вакцини за Палестинците.

Израел, сепак, вели дека не е одговорен за тоа.

Таа земја е еден од светските лидери во вакцинирањето на своето население откако склучи договор за набавка на вакцина против вирусот со меѓународните лековити гиганти Фајзер и Модерна.

Слични содржини