Пресудата за „Беса Транс“ закажана за 7. март

од Nikola Popovski

Пресудата за случајот „Беса Транс“ ќе биде објавена на 7 март откако денеска во Основен кривичен суд Скопје се одржаа завршните зборови од процесот. Во случајот се обвинети едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.

На 23 ноември 2021 година во автобус на беса Транс на автопатот Струма во Бугарија, 45 македонски државјани го загубија животот, а преживеаја само седум лица.

Според обвинителниот акт за овој случај, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице„Беса Транс од Рашче се товари дека извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Според обвинителството, Хаџиу лажната патна исправа им ја давал на возачите кои го управувале возилото и со неа  во периодот од 10.1.2021 до 21.11.2021 година тој 20 пати ја преминал државната граница на различни начини. Хаџиу на првото рочиште рече дека не се чувствува виновен за фалсификување патна исправа, а вина негираше и застапникот на правното лице Беса Транс, Шабан Хоџа.

Слични содржини