Пресуди за „ТНТ“: Груевски доби девет, Јанакиески три години затвор

од Nikola Popovski

Поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски се прогласени за виновни во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цаноски.

Груевски, кој веќе неколку години е во бегство во Будимпешта, доби затворска казна од 9 години, Јанакиески 3 години, во која му се пресметува и периодот поминат во притвор. Третообвинетиот Трајковски доби затворска казна во траење од 4 години.

Обвинетите треба да исплатат надомест за направената штета на инвеститорот, во износ од 683.514.964 денари или над 11 милиони евра.

Инспекторката Најдовска која тогаш работела во општината, исто така доби 4-годишна затворска казна.

Останатите осомничени, кои во тоа време биле вработени во општина Гази Баба, се ослободуваат од обвинението.

Слични содржини