Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

од Vladimir Zorba

Полициски службеници од СВР Битола вчера ги лишиле од слобода О.П. и О.Н.(38), двајцата од Битола. Како што информира МВР, со наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошните простории кои ги користи лицето О.П. од Битола, при што се пронајдени и одземени марихуана, метална дробилка и пет опаковки со прашкаста материја. Лицето е лишено од слобода при што ќе следува соодветна пријава за сторено кривично дело по чл.215 од Кривичниот законик.

Истиот ден, при извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи О.Н. од Битола биле пронајдени дигитални ваги, грутчеста материја, кутивчиња со таблетки, опаковка со кафеава прашкаста материја, предмети со остатоци од кафеава материја, бела прашкаста материја, опаковки со бела грутчеста материја, растителна материја и останати предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, како и поголем износ на пари во различни апоени. Лицето е лишено од слобода при што ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини