Претседателот на Еквадор: Судиите и обвинителите кои поддржуваат терористи ќе се сметаат за членови на тие групи

од Stefanija Kuzmanovska

Во Еквадор е прогласена вонредна состојба бидејќи земјата е „во војна“ со нарко бандите кои држат како заложници повеќе од 130 затворски чувари и друг персонал. Претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, објасни дека голем проблем во таа земја е правосудниот систем. Тој рече дека постојат апсурдни ситуации и дека неговата влада се обидува да го поддржи државното обвинителство.

Наведе дека судија шест пати го ослободувал Адолфо Масијас Виљамар од затвор, а тој е осомничен за убиство на претседателски кандидат во Еквадор.

„Овие факти се апсурдни и мојата влада презема мерки што ниту една друга влада не ги презела“, рече Нобоа, додавајќи: „Судиите и обвинителите кои ги поддржуваат идентификуваните лидери на терористичките групи, исто така, ќе се сметаат за членови на тие групи“.

„Ние сме во вооружен конфликт, а не во меѓународен. Се бориме за национален мир, се бориме и против терористичките групи кои денес броат повеќе од 20.000 луѓе и кои не се именувани или идентификувани“, додал тој, пренесува „Ел Диарио“.

Слични содржини