Претседателот на Јужна Кореја: Зајакнат сојузот меѓу Сеул и Вашингтон

од Stefanija Kuzmanovska

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол изјави дека сојузот со официјален Вашингтон е подобрен и зајакнат.

Јужнокорејскиот претседател, поднесувајќи извештај до својот кабинет за неговата посета на Соединетите Американски Држави, рече дека САД се обврзале да ѝ дадат на Јужна Кореја „поголем увид во американското нуклеарно планирање и доктрина во случај на војна со Северна Кореја“, пренесува „Ројтерс“.

Јун разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден во Вашингтон минатата недела во време кога во Јужна Кореја постои зголемена загриженост за брзиот развој на севернокорејските нуклеарни и ракетни капацитети и се зголемуваат сомневањата дека САД нема да ја ризикуваат сопствената безбедност за да му помогнат на својот азиски сојузник.

Во Јужна Кореја се зголемуваат повиците да започне со развивање на сопствените нуклеарни капацитети, дури и од високи членови на политичката партија на Јун. Сепак, САД се противат на ова, уверувајќи ја Јужна Кореја дека е заштитена под американскиот „нуклеарен чадор“.

Слични содржини