Претседателот на Кардиф: Многу сме загрижени за Емилијано

од Vladimir Zorba

Претседателот Кардиф, Мехмет Далман, ја коментираше ситуацијата со исчезнувањето на приватниот авион со новото пополнување, Емилијано Сала.

28-годишниот Аргентинец полета од Нант до Кардиф вчеравечер, а подоцна неговиот авион исчезна од радарот. Операцијата за спасување сé уште не дала резултати.

„Бевме многу загрижени кога слушнавме за исчезнувањето на авионот околу каналот минатата ноќ. Очекуваме потврда пред да можеме да кажеме повеќе. Ние сме многу загрижени за Емилијано Сала“, изјави Далман за „Ле Фигаро“.

Пред два дена, Сала се пресели од Нант во Кардиф за 15 милиони фунти.

Слични содржини