Претседателот на МАНУ: Денот на Св. Кирил и Методиј треба да го одбележуваат сите словенски држави и народи

од Nikola Popovski

„Преспанскиот договор е извор на регионална нестабилност. МАНУ се подготвува со научни аргументи повторно да ги отвори темите поврзани со овој договор“, истакнува претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев.

Во однос на прашањето околу спорот со Бугарија, според него, за посебноста на македонскиот јазик веќе поодамна се изјаснила светската славистика, не македонската или бугарската.

„Денот на светите браќа Кирил и Методиј – 24 Мај треба да го одбележуваат повеќе држави, не само Македонија и Бугарија, туку и сите словенски држави и народи. Заедничките чествувања се европски и цивилизациски придобивки, па затоа треба да се прават врз еднаква основа со почитување на различните перцепции и без наметнување на сопствениот наратив врз наративот на другиот и без повреда на достоинството на Македонците со условувње и уцени“, вели Коцарев.

 

Слични содржини