Преживеан работник од супермаркет во Колорадо откри детали за масакрот

од Stefanija Kuzmanovska

Вработена во супермаркет во Колорадо е една од лицата кои го преживеаа нападот во кој беа убиени 10 лица, меѓу кои и Србинот Невен Станишиќ.

Меги Монтоја (25), сè уште видливо во шок, раскажала што се случило за време на нападот. Според неа, осомничениот за нападот, 21-годишниот Ахмад Ал Аливи, ѝ се обратил на полицијата со следниве зборови:

– Се предавам. Гол сум – рече Меги, пренесе „Фокс њуз“.

Меги, инаку фармацевтски техничар во продавницата, рече дека нејзиниот менаџер викал дека во објектот има вооружен напаѓач, па се скрила во мала просторија со тешка метална врата.

Таа посочува дека повеќе куршуми биле испукани во првите 10 минути.

„Потоа продавницата стана прилично тивка“, рече Монтоја.

Меги работела во таа продавница три години и објаснила колку било морничаво за неа кога излегла од продавницата со полицијата. Таа рече дека не можела да помогне никому, но го видела телото на една нејзина колешка.

– Не сакав да го видам телото … Таа беше толку прекрасна со нас, беше на моја возраст – рече таа.

Според медиумите, полицијата го уапсила 21-годишниот Ал Аливи, кој бил ранет во ногата. Во меѓувреме, се појавија информации дека тој ја купил пушката со која го извршил злосторството шест дена пред да го изврши нападот.

Откако му била санирана раната од куршумот, тој бил пренесен во затвор. Ахмад не одговорил на полициските прашања за тоа дали има други осомничени, но „побара да разговара со неговата мајка“.

Окружниот правобранител Мајл Доерти рече дека инспекторите сè уште не утврдиле кој е мотивот, но посочи дека властите веруваат дека Аливи бил единствениот напаѓач.

Слични содржини