При претрес во Битола пронајдени различни видови дрога, пушка и куршуми

од Vladimir Zorba

Полициски службеници од Криминалистичка полиција при СВР Битола вчера го лишиле од слобода битолчанецот А.Ј.(34) поради поседување ловна пушка „застава“ кал.12, дрвен кундак од пушка, куршуми, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, нож со остатоци од бела прашкаста материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети.

Како што информираат денеска од МВР, претресот бил извршен во домот на лицето вчера во 19:45 часот. А.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

Слични содржини