Прифатена препораката за членство на Косово во Советот на Европа

од Симе Стоиков

Комисијата за политички прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска на состанок во Париз ја прифати препораката Косово да биде покането за членство во таа организација.

На социјалната мрежа Х на таа организација се наведува дека следен чекор е пленарна расправа, која ќе се одржи на 18 април, кога ПССЕ ќе гласа за своето статутарно мислење.

За одлуката гласаа 31 претставник на земјите, а против одлуката беа претставничките на Црна Гора и БиХ, Маја Вукиќевиќ и Сњежана Новаковиќ, како и две претставнички на Србија, Билјана Пантиќ Пиља и Дуња Симоновиќ Братиќ.

Претставникот на Грција во тој политички комитет беше воздржан.

На гласањето по ова прашање му претходеше извештајот на известувачот на ПССЕ за Косово, Дора Бакојани, која бараше од Приштина да исполни три услови, од кои само еден е исполнет – враќање на имотот на манастирот Високи Дечани.

Слични содржини