ПРИЈАТЕЛКА НА МЕГАН: Реакцијата на Пријанка Чопра кога ги здогледа Вилијам и Кејт кажува се (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На неодамнешниот Вимблдон, јасно е дека се појавија и Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, без кои ваквиот настан никогаш не поминува. Двајцата заедно присуствуваа на финалниот натпревар за жени, а Кејт да се појави сама во машкото финале, што се одигра меѓу Новак Ѓоковиќ и Матео Беретини.

Сепак, многумина случајно не ја забележаа реакцијата на една жена кога славниот пар се појави на Вимблдон. И тоа не на било која жена, туку некогаш прогласената за најубава жена на светот. Тоа не е сè, станува збор за една од најдобрите пријателки на Меган Маркл.

Секако, станува збор за актерката и модел Пријанка Чопра, од која видеата од Вимблдон станаа вирални.

Имено, во моментот кога војводата и војвотката од Кембриџ пристигнаа на финалето на Вимблдон во саботата, Чопра седеше над нив. Додека сите од публиката аплаудираа на овој пар, единствено Пријанка не го стори тоа!

Социјалните мрежи зујат за нејзиниот потег, каде повеќето веруваат дека таа е верна само на нејзината пријателка Меган, која, да потсетиме, во интервјуто дадено на Опра Винфри рече дека пуштила солзи поради овој пар. Со ова само дополнително и (не толку) дискретно даде до знаење дека нивните семејни односи се многу, многу напнати.

„Она што го направи Пријанка беше грубо“, сметаат некои, но многумина се согласуваат дека фактот што таа не сакаше ниту да погледне во нивна насока доволно зборува за целата ситуација.

Инаку, Меган Маркл и Пријанка Чопра се добри пријатели од 2016 година.

Слични содржини