На поротниците на судењето против Харви Вајнштајн вчера им биле прикажани фотографии на кои поранешниот холивудски продуцент е гол, покрај противењето на неговите адвокати.

Судскиот илустратор кој бил ангажиран од Ројтерс, видел неколку фотографии во моментот кога биле проследени до поротниците и направил неколку цртежи за новинската агенција. Обвинителите не кажале зошто биле прикажани фотографиите во судницата ниту колку ги има.

Вајнштајн не им одговорил на новинарите за тоа што мисли за тоа што поротата ги видела неговите фотографии. Но, неговата адвокатка Дона Ротуно рекла дека фотографиите биле прикажани „од една причина, да се посрамоти господинот Вајнштајн“.

Џесика Ман, жената која го обвини Вајнштајн за силување, минатата недела сведочела за изгледот на голото тело на Харви. Вајнштајн, изјави дека не се чувствува за виновен во обвинувањата дека ги напаствувал жените, меѓу кои и Ман.

Доколку биде осуден за еден од најлошите злочини, предаторско сексуално напаствување, го чека доживотен затвор.

Слични содржини