Принцот Вилијам прими вакцина против коронавирус

од Vladimir Zorba

Принцот Вилијам ја прими првата доза на вакцина за коронавирус, пренесува Дејли меил. Тој беше вакциниран во центарот за вакцинација во Музејот на наука во Лондон.

Војводата од Кембриџ утрово го објави следното на Твитер: „Во вторникот, ја примив првата доза на вакцина против ковид-19. На сите што работат на процесот на вакцинација – благодарам за сè што сте направиле и продолжете да го правите тоа “.

Принцот Вилијам објави и слика на која се гледа како носи маска додека се вакцинира. Принцот ја прими вакцината во Кесингтон во близина на местото каде што живее со неговата сопруга Кејт и нивните три деца.

Палатата Кесингтон не објави која вакцина ја примил принцот. Тој е најновиот член на кралското семејство кој е вакциниран. Досега принцот Чарлс и кралицата Елизабета ја примија вакцината.

Вилијам претходно се залагаше за вакцинирање, поздравувајќи го „монументалниот“ успех на програмата и изразувајќи желба да ја добие првата доза.

Слични содржини