Притвор за дилер фатен со 200 грама марихуана

од Nikola Popovski
244 прегледи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 18-годишник на улицата „180“ во Тетово, полицијата пронашла околу 200 грама наркотична дрога – марихуана, распоредена во повеќе помали пакувања наменети за натамошна продажба, како и семки од растението канабис.

Ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз постапката и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена.

Слични содржини