Притворот на Алексиќ повторно продолжен

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот суд во Белград го продолжи притворот за уште 30 дена на сопственикот на актерското училиште Мирослав Мика Алексиќ (68), осомничен за силување и сексуално вознемирување на девет ученички во тоа училиште во периодот од 2008 до 2020 година.

Неговиот притвор го продолжи судијата на претходна постапка на предлог на обвинителството поради постоење на посебни околности за да може да го повтори делото за краток временски период, прецизираше за „Танјуг“ портпаролката на судот, Татјана Тесиќ.

Покрената е истрага против Алексиќ во средината на јануари по пријавата на шест девојки, а во меѓувреме двапати беше проширена по пријавата на уште три девојки.

Алексиќ е обвинет за вкупно 19 кривични дела – 11 дела сексуално вознемирување и осум силувања извршени од 2008 до 2020 година на штета на вкупно девет жртви, од кои едната била малолетна.

Според нив, тој напаѓал други девојчиња додека биле малолетни и по полнолетството.

Досега, Алексиќ негираше дека сексуално нападнал ученички по глума во неговото училиште, меѓу другите и Милена Радуловиќ, која прва го пријави во полиција, а по неа и други се осмелија и други девојки.

Слични содржини