Приведен дилер во Струмица, пронајден кокаин

од Vladimir Zorba

На 14.04.2023 во 16.05 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.Т.(27) од Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и дигитална вага.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини