Приведен и протеран турски нарко-бос

од Nikola Popovski

Полицијата вчера уапси и протера познат нарко бос од Турција, кој подолг период престојувал во државата.

Неофицијално, станува збор за криминалец поврзан со трговија со дрога, за кој нашите служби имале информации, а кој при влез во земјава пријавил дека ќе престојува туристички неколку дена. Бидејќи престојот го искористил за контакти со локални криминални банди, тој бил уапсен.

„ На 18.01.2021 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност го приведоа Р.С.П. (49), кој престојувал спротивно на целта за краткорочен престој. По констатираната злоупотреба на престојот, лицето е протерано од територијата на Република Северна Македонија“, соопштија од МВР.

Слични содржини