Приведен криминалец за издржување затворска казна

од Nikola Popovski

Полицијата објави дека привела лице, кое треба да одлежи затворска казна во затворот во Тетово.

-На 27.07.2021 во 16.30 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар, врз основа на судска наредба, го привеле О.А.(29) од Гостивар за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 235 и член 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната, информираат од МВР.

Слични содржини