Приведена велешанка која украла пари од поранешниот партнер

од Stefanija Kuzmanovska

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 10.30 часот ја лишиле од слобода 43-годишната Ц.Л. од Велес поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Според пријавеното, таа одзела пари од домот на 62-годишниот С.Д. од Велес, со кој претходно била во врска.

Како што информираат од СВР Велес, таа е приведена во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини