131
МВР приведе 20 лица како осомничени за учество во вчерашната тепачка во населбата Ченто во Скопје. Во тепачката е повредено 15 годишно дете од Стајковци. Во инцидентот настрада и автобусот број 65Б кој се обраќа кон Брњарци и на кој му биле искршени неколку прозори. МВР не дава подетални информации, но велат дека работат на целосно расветлување на случајот. Од МВР не ги кажуваат ниту причините кои доведоа до тепачката меѓу група млади од Сингелиќ и Стајковци.