Актуелно
Почетна / Хроника / Приведени „диви тркачи“ со мотори од скопските улици

Приведени „диви тркачи“ со мотори од скопските улици

Приведени четворица од осум санкционирани моторциклисти, од страна на Секторот за сообраќајни работи при БЈБ и СВР Скопје кои во времето од 19 часот вчера до 3 часот утрово спровеле акциска контрола за откривање на возачи на мотори кои организираат „диви трки“ на подрачјето на Скопје.

Од приведените, тројца моторциклисти биле однесени во Полициската станица Карпош, а еден во Полициската станица Кисела Вода поради правење на бучавост над дозволената со нивното движење на моторциклите и поради неносење соодветна документација за истите.

loading...