Приземјени вонземјани: Словенечката полиција запре досега невидено возило (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Сообраќајната полиција од Мурска Собота во Словенија при редовен преглед запрела необично електрично возило. Имено, во реонот на Горњи Петровац во Словенија, полицијата запрела Peraves CZ монорејсер.

„Го запревме возилото при редовна сообраќајна контрола“, се пофалија полициските службеници од полициската управа Мурска Собота и на својата Фејсбук страница објавија фотографии од необичното возило.

Имено, полицијата во Словенија запре затворен моноцикл произведен од компанија основана во Чешка во 2009 година од Prochazka и Wagner. Моноциклот е всушност вистински ѕвер на возило, бидејќи од 0 до 100 km/h достигнува за помалку од пет секунди, додека максималната брзина е импресивни 250 km/h.

Слични содржини