Продолжува прекинот на железничкиот сообраќај

од Vladimir Zorba

Железничкиот сообраќај во државава и денеска е во прекин поради бојкотот на машинскиот и извршниот персонал во ЖРСМ Транспорт.

Причина за бојкотот, што почна вчера попладне, е неисплатениот втор дел од платата за јули годинава.

Тони Димовски, претставник на машинскиот и извршниот персонал најави дека бојкотот ќе трае до исполнување на барањето, но и постигнување договор за редовна целосна исплата на платите.

И на крајот на јули имаше прекин во железничкиот сообраќај исто така поради неисплатен втор дел од плата,  а од истата причина и претходно во неколку наврати вработените ја бојкотираа работата.

Слични содржини