Продолжува војната во Нагорно-Карабах: Како е соборен дрон на азербејџанската армија? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Системите за противвоздушна одбрана на Нагорно-Карабах собориле неколку авиони на азербејџанската авијација и ја уништиле нивната воена опрема, напиша на својот профил на Фејсбук, портпаролката на Министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанјан.

Во последните 24 часа биле соборени најмалку два беспилотни летала, како и еден авион.

„Во тек се борби во различни насоки на фронтот, уништени се воениот персонал и оружјето на непријателот, особено тенковите“, истакнала Степанјан.

Една од снимките го покажува нападот на азербејџанските беспилотни летала, но тие не успеале да избегаат од ерменската противвоздушна одбрана.

Во интервју за францускиот весник Фигаро, Пашинјан ја обвини Турција дека ја поддржала азербејџанската војска со борбени авиони, дронови и друга воена опрема.

„Постојат докази дека турски воени команданти се директно вмешани во водењето на офанзивите“, изјави ерменскиот премиер во денес објавеното интервју.

Според него, турските сили користат беспилотни летала и авиони Ф-16 во бомбардирањето на цивилните зони во Нагорно Карабах.

„Знаеме дека Турција обучила и превезла илјадници платеници и терористи од областите кои ги окупира на северот на Сирија“, кажа Пашинјан.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва е загрижена поради информациите за преместување на милитанти од илегални вооружени групи, особено од Сирија и Либија, во Нагорно Карабах.

Слични содржини