Програма ТАВ: 8.300.000 денари за реконструкција на Адвокатската улица

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска го потпиша договорот за реализација на инфраструктурни проекти на локално ниво, согласно Програмата ТАВ за поддршка на инфраструктурни проекти во 34 општини и финансиски средства од Владата на Република Северна Македонија, во соработка со меѓународни финансиски институции, партнери и соработници што се насочени кон развој на општините.

„Ми претставува задоволство што денес ми беше доделен договорот за реализација на инфраструктурни проекти на локално ниво, проект што е финансиран од Владата на Република Северна Македонија. Соработката и поддршката со централната власт се успешен показател за развојот и јакнењето на инфраструктурата на општинско ниво и за реализацијата на проекти што се во интерес на граѓаните“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ

Средствата што и се одобрени на Општина Центар се во износ од 8.300.000,00 денари, а ќе бидат наменети за реконструкција на позната Адвокатска улица.

Слични содржини