Пронајден череп ВО КУЌА ВО БЕЛГРАД! Човекот вели дека е од неговиот покоен татко и нема златните заби

од Илинка Илиоска
483 прегледи

Српската полицијата за време на рација за дрога во куќа во Белград пронашла човечки череп во куќа на еден маж. По наредба на обвинителството черепот е даден на обдукција и ДНК анализа.

Според неофицијални информациин кои ги пренесоа повеќе српски медиуми, мажот рекол дека тоа е черепот на неговиот татко кој починал пред 45 години и бил погребан во семејната гробница

Жителот на Белград чиј идентитет не е откриен, наводно черепот го видел кога гробницата била отворена за да погребаат роднина.

Тој тогаш забележал дека недостасува долната вилица од черепот на неговиот татко и ги нема златните заби. Го зел черепот и го чувал дома во комода и не ја известил полицијата за случајот.

 

Слични содржини