Пронајдени 10 тела во близина на превртен чамец во Средоземното море

од Nikola Popovski

При претрес на бродови полни со мигранти во Средоземното Море, пронајдени се десет тела кои лебдат во близина на превртен гумен чамец за кој се претпоставува дека превезувал 130 лица, соопшти француската хуманитарна организација „SOS Mediterranee“.

Се бара и дрвен брод со околу 40 мигранти, рече во петокот портпаролот на „SOS Mediterranee“.

Три трговски брода му помогнале на чамецот за спасување „Ocean Viking“ да бара бродови во меѓународните води, северо-источно од либиски Триполи.

„SOS Mediterranee“ изјави дека трговскиот брод „MY ROSE“ пронашол три тела во водата, а авионот на Фронтекс набргу потоа забележал гумен чамец.

Кога „Ocean Viking“ пристигнал на местото на настанот, тој пронашол десет тела.

Агенциите на ОН бараат продолжување на операциите за пребарување и спасување на Медитеранот и запирање на враќањето на мигрантите во „небезбедните пристаништа“.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) на крајот на март објави во извештајот дека минатата година повеќе од 2.200 луѓе починале на море.

Слични содржини