255
Го имаме првиот смртен случај, кој посмртно беше дијагностициран синоќа. Се работи за жена на 57 години од Куманово, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.
„Наврмено и се земени два теста, но покажале негативен резултат. И покрај тоа, таа била во изолација. Третманот траел изминатата недела. По констатација на смртта, вчера е земен повторно брис и тој бил позитивен. Третиот брис е земен заради нагло влошување на ситуацијата“, посочи Филипче.
Министерот кажа дека е хоспитализиран нејзиниот син, кој има 33 години и имал влошување на ситуацијата, а е префлрен на Клиниката за инфективни болести и во моментов е во стабилна здравствена состојба.