Прв соло Божиќ за Тори Спелинг: „Тешко ми е, морам се да правам сама“

од Vladimir Zorba

За актерката Тори Спелинг (50) ова е прв Божиќ што го минува без поранешниот сопруг Дин Мекдермот (57). Двојката се разведе во јуни оваа година, а заедно имаат пет деца.

Таа им се пожали на своите следбеници на Инстаграм дека нејзиниот „прв соло Божиќ“ бил тежок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tori Spelling (@torispelling)

– Денеска е 22 декември и го купив мојот прв божиќен подарок. Пет Божиќни списоци со задачи, три дена за да го направите тоа. Сега морам сама да одам во трговскиот центар. Растурам во овој „соло мамо Божиќ“ – напишала Тори.

Да потсетиме, Тори и Дин во јуни објавија дека се разведуваат по 18 години брак, а актерката после тоа се најде во разни тешкотии. Завршила во болница и морала неколку пати да се пресели. Извесно време живеела во кампер со своите деца.

Со својот поранешен сопруг ги има ќерките Стела (15) и Хети (11) и синовите Лијам (16), Фин (10) и Бо (6).

Слични содржини