Прва изјава на Ѓоковиќ по фијаското: Ми опадна нивото на тенис

од Nikola Popovski

Новак Ѓоковиќ беше поразен од Пабло Карено-Буста во мечот за бронза во Токио, а потоа одлучи да им се обрати на навивачите во Србија.

„Жалам што не го зедов медалот за мојата земја и во сингл и во двојки. Не успеав да се сконцентрирам вчера и денес. Моето ниво на тенис опадна, пред се поради ментален и физички замор“, рече Ѓоковиќ.

Во ниту еден момент не се покаја што дојде во Токио.

„Не жалам што дојдов на Олимпијадата. Верувам дека нема случајности во животот. Се се случува со причина. Имав неколку порази на Олимпијадата и големите турнири што ми го скршија срцето и знам дека обично тие порази ме зајакнуваат“.

Тој посочи дека ова можеби не е неговиот последен настап.

„Знам дека ќе се вратам, ќе се обидам да продолжам да работам за Олимписките игри во Париз, ќе се обидам да освојам медал за мојата земја. Жал ми е што ги разочарав навивачите во Србија, но тоа е спорт, дадов се од себе, се што остана во мојот резервоар, што не е многу“, рече Ѓоковиќ.

Слични содржини