Првачињата ќе може да се запишуваат електронски

од Берта Китинска

Уписите во основното образование од септември ќе бидат во дигитална форма и тоа е нешто на што работевме во изминатиот период, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска на конференцијата за дигитализација на јавните услуги во областа на образованието.

Царовска ги повика родителите да ја искористат можноста за дигитално запишување во основното образование за наредната учебна година, нова дгитална услуга која ќе почне да се применува во мај, со што, рече, ќе се избегне и метежот во училиштата. Очекува дека ваков современ пристап ќе има и за упис во средното образование, дека во наредниот период ќе се дигитализираат и сите услуги поврзани со конкурсите за наука.

Слични содржини