Првата композиција со инженериски машини пристигна на железничката во Криволак

од Vladimir Zorba

Првата композиција со инженериски машини пристигна на железничката во Криволак, соопшти минстерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Нашите инженерци заедно со 15.инженериски баталјон на Армијата на САД ќе работат на подготовка на теренот на полигонот за големата вежба „Одлучен удар 21” која ќе започне на средината на мај.

Македонската Армија и Армијата на САД заедно на Криволак ќе изградат патишта, објекти за вежби и обука, магацини, стрелишта, полетно-слетна писта за беспилотни летала. Тоа е предноста на сојузништвото!, посочува Шекеринска.

Слични содржини