Првото бебе во Куманово во 2020 година е женско

од Aleksandar Todeski

Првото новороденче во Куманово во 2020 година е девојче. Бебрто се родило е во 01:35 часот по полноќ и е тешко 3.790  килограми, а 52 сантиметри долго. Тоа е второ бебе во семејството Спасовски.

Делегација од Општина Куманово, предводена од Секретарот на општината Десанка Стошевска традиционално денеска беа на Одделот за гинекологија и акушерство при Општа болница Куманово, во посета на првороденото бебе во Новата 2020 година.

Како што соопштуваат од Општината, со искрени честитки за здравје и среќа, на среќната мајка и бебето им беа доделени пригодни подароци.

Слични содржини