ПСЖ во минус од 225 милиони евра

од Vladimir Zorba

Податоците од Лига 1 велат дека дури 17 од 20 француски прволигаши работеле со загуба во сезоната 2020/2021.

Економските последици од пандемијата на коронавирус, играњето пред празни трибини поради антивирусни мерки и кризната состојба во однос на ТВ правата, им создадоа големи финансиски проблеми на членовите на највисокото фудбалско натпреварување во Франција.

Вкупните загуби на клубовите од Лига 1 изнесуваат 646 милиони евра, а зад ПСЖ најголеми губитници се Лион (107 милиони евра), Марсеј (76) и Бордо (67).

Претходната сезона бројот на должници беше 10 клубови, а само загубата на Пари Сен Жермен се зголеми од 124,2 на 224,2 милиони евра за 12 месеци.

Парижаните за една година забележаа пад на приходите од билети, кои од 38,06 милиони евра паднаа на само 961.000, а главната причина за тоа е што ПСЖ играше без публика поради здравствени ограничувања во поголемиот дел од сезоната.

Овој пад на приходите од речиси 98 отсто е сличен на оној на ниво на целата лига, кој изнесува 95 отсто. Истовремено, спротивно на економската логика, надоместоците на вработените се зголемени за 21 отсто, на 503 милиони евра.

Слични содржини