Пукање во училиште во Калифорнија, напаѓачот е 12-годишен ученик

од Берта Китинска

Тринаесетгодишен ученик е повреден во пукање во академијата „Медисон Парк“ во Источен Оукленд, во Калифорнија, а 12-годишно момче е осомничено за пукањето и е во притвор, соопштија властите, јавуваат американските медиуми.

Полицијата во Оукланд соопшти дека пукањето се случило околу 13:30 часот во училиштето во населбата Парк Собранте во понеделникот, пишува „Сан Франциско кроникл“.

КТВУ објави дека 12-годишниот осомничен е уапсен, повикувајќи се на информации од замениците на шерифот.

Началникот на полицијата Лерон Армстронг го потврди пукањето во училиштето на брифинг со новинарите и рече дека двајца ученици биле вклучени.

Тој рече дека ученикот кој е застрелан е во стабилна состојба, пишува „СФ кроникал“

Армстронг рече дека причината за пукањето е нејасна и дека полицијата се уште го истражува случајот.

Училиштето е евакуирано и затворено по пукањето. Повеќе од 100 родители отидоа во училиштето за да се информираат и да ги земат своите деца.

Слични содржини