Пукање во Чаир, тешко ранети две лица

од Stefanija Kuzmanovska

Од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ вчеравечер во 22:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени О.О. (25) и О.Е. (29), осуденик од КПУ Штип, пуштен на отсуство, двајцата од Скопје.

„Полициски службеници излегле на местото и по извршен службен разговор било констатирано дека двете лица, сопственици на угостителски објект на подрачјето на Чаир, биле повредени од Е.Џ. и Е.Н., кои пукале со пиштол кон нив, откако претходно со закана одзеле пари и храна од лице кое било вработено во угостителскиот објект како доставувач“, соопштуваат од МВР.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини